Кои земји имаат најголеми резерви на злато во светот

Количината на злато која богатите земји ширум светот ја “таложеа” во текот на 2018 година го достигна второто највисоко годишно ниво досега, објави Светскиот совет за злато.

Во однос на претходната година, националните банки купувале толку злато, што е забележан скок од дури 74 проценти. 

5. Русија

Во текот на изминатите шест години, Централната банка на Русија купувала големи количини на злато. Во 2017 година, земјата ја турна Кина од листата на петте најголеми сопственици на злато.

Минатата година, Русија стана водечки светски купувач на злато со нето-откуп од 651,5 метрички тони. Во февруари, Централната банка на Русија ги зголеми своите девизни резерви за 31,1 тони злато, зголемувајќи ги своите залихи на овој благороден метал на 2.149 тони.

4. Франција

Во Париз наводно има 2.518 тони злато, што претставува околу 60 проценти од вкупните француски девизни резерви.

Француската политичарка Марин Ле Пен во неколку наврати повика на прекин на продажбата на националното злато, како и репатријација на сите француски полуги кои ги држат странските држави.

3. Италија

Со 2,534 тони злато во својата благајна, Италија се спушти на третото место на најголемите светски “чувари” на злато.

Оваа сума претставува речиси 70 отсто од девизните резерви на земјата. Според политиката која ја усвоила Банката на Италија, златото е најсигурна инвестиција во време на економски превирања и заштита од нестабилноста на американскиот долар.

2. Германија

Германскиот Бундесбанк моментално поседува 3.483 тони злато, сочинувајќи повеќе од 70 проценти од германските девизни резерви.

Банката, исто така се обидува да репатрира околу 674 тони злато кое го чуваат централните банки на Франција и САД. Се очекува репатријацијата на злато да биде завршена до 2020 година.

1. САД

Вашингтон наводно ги држи најголемите златни резерви во светот од 8.407 тони односно повеќе од 75 проценти од националните девизни резерви.

Федералниот резервен систем беше толку активен во купувањето злато како другите земји за да спречи девалвација на доларот.

Top