Рептил маркети добитници на награда за особен придонес за развојот на претприемништвото во средна и југоисточна европа

Во периодот од 22 до 24 март 2019 година, во Дубровник, Р. Хрватска, се одржа 6-тиот Регионален самит на претприемачи во Средна и Југоисточна Европа. Целата на Самитот беше да се промовира важноста и придонесот на претприемништвото во креирањето на целокупниот раст и развој на економиите и општеството, како и да се истакне важноста за креирање подобри услови и политики за поголем развој на претприемачкиот дух во регионот.

Еден од добитниците на награда и признание за особен придонес за развој на претприемништвото во земјите од Средна и Југоисточна Европа - „Stvaratelji za Stoljeca” е компанијата Рептил. Компанијата Рептил маркети на пошироката меѓународна бизнис јавност им се претстави како една од големите компании визионери и лидери чијашто храброст, работа, знаење, креативност и долгогодишни успешни резултати се темел и главен двигател за економски напредок на општеството.

Reptil 1

Рептил маркетите постојат 23 години и во моментов 15-те маркети постојано ја одржуваат топлината на локална (маалска) продавница со давање врвна услуга на купувачите покрај богатиот асортиман и пристапните цени. Односот продавач-купувач секогаш е пријателски и проследен со насмевка и искрен позитивен однос. Врвната услуга е нешто со кое најмногу се гордее Рептил, а оттука е произлезен и слоганот кој гласи: „Пазарете со срце и задоволство“.

kolazh 2

Top