Шпаркасе Банка ја купува Охридска Банка АД Скопје!

Веќе од поодамна е познато дека Сосиете Женерал се повлекува од Балканот и го продава својот удел во банките во регионот. Неколку банки беа и сеуште се заинтересирани за преземање на капиталот на Сосете Женерал, но една успеа да ја победи конкуренцијата.

Станува збор за Штаермаркише Шпаркасе АГ кој излезе како победник во трката за преземање на капиталот на Охридска банка која досега беше дел од Сосиете Женерал групацијата.

Аквизицијата ќе биде обелоденета во текот на денешниот ден на настан кој веќе е закажан во хотелот DoubleTree by Hilton Skopje во 15 часот. Врвни претставници од менаџментот на австриската банка ќе ја соопшти веста за преземањето, а притоа ќе обелоденат и кои се плановите и стратегиите за понатамошното делување.

Штаермаркише Шпаркасе АГ веќе 11-та година е присутна на македонскиот пазар, откако во 2008 година целосно го откупи мнозинскиот пакет акции од тогашна Инвест банка. Со новата аквизиција, односно купувањето на капиталот на Охридска банка АД Скопје којашто во моментов сеуште е во сопственот на Сосиете Женерал, Шпаркасе ќе прерасне во една од најголемите банки во Македонија.

Охридска банка веќе неколку години одлично работи и го зголемува своето пазарно учество. Растот на добивката е енормен, растат приходите, кредитното и депозитното портфолио исто така се во значителелен пораст, па надополнето со остварувањата на Шпаркасе Банка, се очекува создавање на нов банкарски гигант на пазарот кој ќе биде сериозна конкуренција со моментално водечките три банки Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Банка и Комерцијална Банка АД Скопје.

Top