Кој е „крал“ на нафтениот бизнис?!

Холандско-британската „Royal Dutch Shell“ е најпрофитабилната нафтена и гасна компанија во светот за 2018-та година, затоа што е супериорна и со голема предност пред американското друштво „ExxonMobil“, соопштува „Ројтерс“.

И покрај својата голема предност, „Shell“ може да биде стигната наскоро од американската енергетска компанија која направи сериозни инвестиции во ново производство.

Петте најголеми нафтени компании во светот успеале да тројно да ја големат својата добивка и да го удвојат генерирањето на паричните потоци од 2016-та, па наваму преку сериозни намалувања на трошоците.

За разлика од претходните циклуси повеќето раководители ветија дека ќе останат на штрек во 2019-та година, потсетувајќи си ситуацијата од пред три години, кога цените на нафтата паднаа под 30 долари за барел.

Во текот на изминатите пет години, нафтените компании објавија слаби резултати на глобалните берзи. Падот кај цените на нафтата во последниот квартал на 2018-та година беше претходен од 4-годишениот максимум во вредностите до 86 долари за барел во октомври.

Добрите четврти квартални извештаи на овие компании помогнаа да се стабилизира секторот.

Во класификацијата по „Shell“ и „Exxon“ се рангираат американската „Chevron“, британската „BP“ и француската „Total“.

„Exxon“ која останува најголемата енергетска компанија во однос на производството и уделот на пазарот, премногу бавно реагира на падот на нафтените цени и заостанува зад своите ривали, кои брзо ги редуцираат трошоците, намалувајќи дел од вработените и продадоа средства за да ги компензираат другите намалувања.

Но со доаѓањето на новиот извршен директор Дарен Вудс, „Exxon“ започна радикални промени во својата работна активност и структура, за да се израмни со конкурентот.

Компанијата планира да ги зголеми своите капитални трошоци до 30 милијарди долари од 26 милијарди долари за 2018-та година.

Една од главните цели на „Exxon“ е да го продаде својот удел во проектите во Азербејџан и Танзанија.

Од друга страна лидерството на „Shell“ е поттикнато од добрите резултати на компанијата за производството и продажбата на течен природен гас.

Top