Apple е најголем светски бренд: Колку милијарди долари „тежи” ?!

Во 2018 година највреден светски бред е „Apple“, чија вредност е проценета на 214,4 милијарди долари, што е за 16 проценти повеќе од лани, се наведува во традиционалната ранг-листа која секоја година ја објавува „Interbrand“.

На второ место е „Google“, чија вредност е зголемена на 10 отсто и сега изнесува 155,5 милијарди долари, додека на трето место е „Amazon“, кој вреди 100,7 милијарди, дури 56 отсто повеќе во споредба со лани.

Следи „Microsoft“, кој е проценет на 92,7 милијарди и има раст од 16 отсто, на петтото место е „Coca-Cola“, иако вредноста ѝ е намалена за 5 отсто и изнесува 66,3 милијарди, а на шестото место е „Samsung“, кој ја зголеми вредноста за 6 отсто на 59,8 милијарди долари.

„Toyota“ вреди 53,4 милијарди и се наоѓа на седмата позиција, „Mercedes“ е осми со 48,6 милијарди, а меѓу првите десет се и „Facebook“, кој вреди 45,1 милијарда, и „McDonlads“, кој е проценет на 43,4 милијарди.