Што се случи со Биткоинот? Минатата година владееше лудило, а денес...

Една од работите кои што го одбележаа крајот на минатата година беше лудиолото околу Биткоинот и другите криптовалути чија што вредност растеше со неверојатна брзина.

Сопствениците на криптовалутите константно гледаа во екраните на своите паметни телефони, голем број на луѓе вложија големи средства во опрема за „рударење“, скептичните поставуваа прашања од типот „што може да се купи со биткоинот“, а многу луѓе тврдеа дека тоа е балон кој еден ден ќе пукне и ќе ја загуби вредноста.

Факт е дека тие кои што вложија на самиот почеток и својата заработка навремено ја повлекоа заработија големи суми на пари, но многумина кои што посакаа „брзи и лесни пари“ ја загубија својата заштеда, или пак заглавија со кредити.

Кога луѓето се „отрезнија“ и сфатија дека вредноста повеќе нема да расте, па дури и ќе опаѓа, следуваа големи проблеми. На пример, во Јужна Кореја бил забележан голем раст на стапката на самоубиства, а депресијата и разводите на браковите исто така биле поврзани со губењето на пари поради криптовалутите.

 

Еден од тие кои што го искористија подемот на Биткоинот е Ерик Финман, еден од најмладите милионери кој своето богаство го стекна токму благодарение на криптовалутите. Финман кој има само 19 години, првите Биткоини ги купил на свои 12 години, вложувајќи 1000 долари кои што ги добил од неговата баба. Со растот на Биткоинот и инвестирањето во компанија за онлајн едукација, Финман успеа за кратко да заработи 4 милиони долари.

Постојат голем број на слични приказни за лица кои што заработиле милиони од криптовалутите, но приказната на Финман се прошири во медиумите благодарение на неговиот стил на живот и фотографиите на социјалните мрежи со кои што се фали со своето богаство.

Токму Финман, во неодамнешното интервју за американските медиуми, изјави дека „Биткоинот е мртов“. Според него, Биткоинот е премногу фрагментиран и има бројни внатрешни борби околу оваа криптовалута. Финман вели дека иако постои можност за некој нов скок, сепак долгорочно Биткоинот е мртов. Тој посебно го истакна и Лајткоинот, криптовалута чија што вредност во однос на врвот, падна за 95% и тој смета дека оваа криптовалута е мртва веќе долго време.

Со него се согласува и професорот од Универзитетот Санта Клара, Атулја Сарин кој што исто така смета дека Биткоинот е на „залезот“, иако верува во иднината на економијата базирана на blockchain”.

Колку Биткоинот падна во изминатата година најдобро потврдува овој податок: Доколку пред 12 месеци сте купиле дел од Биткоин во вредност од 100 долари, сега ќе имавте нешто повеќе од 16 долари.

Top