Од Ријад ни следува шок! Цените на нафтата може да скокнат на 300 долари !?

Цената на нафтата би можела да скокне на дури 300 долари ако се распадне сојузот ОПЕК-Русија, тврди саудискиот институт и додава дека без организација на земји извозници на нафта светот ќе ја изгуби својата безбедна мрежа која се обидува да го стабилизира пазарот на нафта од евентуални пореметувања при снабдувањето и други шокови.

Тоа се заклучоците на анализата на независниот истражувачки центар за енергетика во Саудиска Арабија. 

"Нашата анализа покажува дека во периодот од 2011-2012-та година, кога Либија имала пореметување во снабдувањето, цените на нафта можеа да одат далеку. Тоа би можело да се случи и сега во 2018-та година и нафтата да биде и поскапа од 200 долари", рекол Адам Сиемински, претседател на истражувачкиот центар за енергетика во Саудиска Арабија.

"Ако нема одговори околу одлуката која ќе донесат Русија и Саудиска Арабија во склоп на сојузот ОПЕК, можеме лесно да видиме нафта која се движи кон 300 долари за барел", рекол Сиемински.

Службеникот исто така рекол дека организацијата е една од поважните институции која работи како доставувач, нагласувајќи дека речиси 70 проценти од расположливите капацитети на ОПЕК и припаѓаат на Саудиска Арабија.

Оваа година била многу нестабилна кога станува збор за цените на нафта поради длабоките геополитички тензии. Тука се санкциите за Иран кои ги најавил американскиот претседател Доналд Трамп и кои ги зголемиле цените на сировата нафта, потоа падот на производството во Венецуела, што ја кренало цената на нафтата на 86 долари за барел.

Во обид да се избалансира цената на нафтата, ОПЕК заедно со своите сојузници кои не се членки, на чело со Русија, пумпал околу милион барели дневно на глобалниот пазар.