Цунами на берзите поради американските царини: Паничната распродажба на акциите потопила милијарди долари

Азиските берзи вчера го заклучиле тргувањето со мешани резултати, додека индексите на "Wall Street" претрпеле "цунами" по распродажбата на акциите поттикната од информациите дека кинескиот економски раст се намалува и дека увозните тарифи почнуваат да ја нагризуваат заработката на големите американски компании.

Јапонскиот индекс "Nikei 225" пораснал за 0,4 проценти на 22.091,18 поени откако едно приватно истражување укажало на закрепнување на индустриското производство во октомври. 

Шангајскиот композитен индекс, кој во вторникот бил заклучен во плус за 2,0 проценти, дополнително пораснал за 0,5 проценти на 2.608,14 поени.

Од друга страна, хонгконшки "Hang Seng" паднал за 0,3 проценти на 25.265,15 поени, а јужнокорејски "Kospi" е заклучен во минус од 0,4 проценти на 2.097,69 поени.

Индустрискиот индекс "Dow Jones" паднал за 0,5 проценти на 25.191,43, додека технолошкиот композит "NASDAQ" ослабел за 0.4 проценти на 7.437,54 поени.

Индексот на акциите на помалите претпријатија "Russel 2000" паднал за 0,8 проценти на 1.526,59 бодови.

Американската "лесна" нафта "WTI" ојачала за 11 центи на 66,54 долари за барел во електронското тргување на Њујоршката робна берза. Нафтата "Brent", која служи како референца за утврдување на светската цена на нафтата, скокнала за 29 центи на 76,73 долари за барел. На претходната трговска сесија "Brent" паднал за 3,39 долари на 76,44 долари по барел.