САД должи рекордни 21 илјадa милијарди долари. Погледнете на кого!

На крајот на јуни 2018-та година, долгот на САД достигна рекордни 21.21 илјади милијарди долари. Тоа е 6,9% повеќе од една година порано, пишува „MarketWatch“.

Кој го има најголемиот дел од овој долг?

Одговор – најмногу самите Американци.

Вкупно 70 отсто од националниот долг е од страна на владата, институционалните инвеститори и Федералните резерви. Помалку од 30% од долгот е кон други земји, а Кина и Јапонија се на врвот на листата.

Американските институции, како што се приватните и јавните пензиски фондови, како и индивидуалните инвеститори, сега имаат долг од 6,89 илјади милијарди долари. Речиси 80% од зголемувањето во текот на изминатата година е нивно.

Странските играчи денес имаат државни обврзници и обврзници за 6,21 илјади милијарди долари. Иако долгот во сопственост на Кина и Јапонија опадна од 2015-та година, тие се уште се само две земји со над 1 илјади милијарди во обврзници и државни хартии од вредност.

Кина има 1,18 илјади милијарди долари, а Јапонија има 1,03 илјади милијарди долари, со што ја зазема втората позиција, а по 300 милијарди долари имаат Бразил и Ирска. Во рангирањето се исто така Велика Британија, Швајцарија, Луксембург и други.

Кинеските инвеститори и владата најверојатно дури држат уште повеќе од американскиот долг, бидејќи при купувањето на обврзници или државни хартии од вредност може да ги користат земји, како Хонг Конг, Луксембург или Кајманските Острови, каде даноците се или нула, или доста пониски во однос на локалните.

Рускиот долг продолжува да опаѓа, при што најновите податоци достигнуваат 15 милијарди долари од 153 милијарди долари во средината на 2013-та година.

Само американската влада има долг од 5,73 илјади милијарди долари инвестирани преку системот на осигурување и пензиските фондови. Федералните резерви исто така се главен носител на обврзници и државни хартии од вредност од 2,38 илјади милијарди долари. Сепак, во споредба со претходната година, имаше пад од 85 милијарди долари.

Top