Првите 10 европски земји по бројот на странски директни инвестиции се Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Белгија, Полска, Турција, Холандија, Русија и Ирска, покажува студијата на компанијата Ernst & Young која е објавена во средата. Оваа компанија спровела анкета за атрактивноста на Европа во која учествувале повеќе од 500 меѓународни компании, а 56 проценти од испитаниците ја навеле Западна Европа како еден од трите најдобри региони за инвестиции. Во Велика Британија се спровеле 1.054 инвестициски проекти во 2018 година, во Франција 1027, во Германија 973, 314 во Шпанија, Белгија 278, Полска 272, Турција 261, во Холандија 229, во Русија 211 и…
Од утре ќе биде забрането плаќање со готовина на стоки и услуги во вредност над 500 евра, според новиот Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам. „Од 1 јуни 2019 година, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, гласи одредбата од Законот. Во истиот член, исто така, се пропишува…
Сезоната на свадби е во полн ек, овој бизнис во земјава буквално врти милиони. Кога станува збор за еден од најважните чинови во животот Македонците не штедат. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека во земјава во просек секоја година се склучуваат по околу 14 илјади бракови. Пресметките на денар.мк покажуваат дека една обична, скромна свадба со 200 гости чини најмалку 4 илјади евра. Оттука вкупната сума која овој бизнис ја врти на годишно ниво надминува 50 милиони евра! Најголем дел од парите одат кај рестораните – порциите чинат од 12 па и над 50 евра. Ако се земе…
Власта најавува ново зголемување на минималецот. За најдоцна три месеци најниската плата во државава треба да достигне 13 илјади денари. Експертите предупредуваат , а бизнисмените негодуваат – просторот за зголемување на платите при ова ниво на продуктивност е речиси целосно искористен. Премиерот како дел од неговите предизборни активности го најави новиот раст на минималецот. „Минималната плата, верувам дека ќе успее економско социјалниот дијалог, очекувам да ја покачиме на 13.000 денари од 1 јули. Во 2020-та година ќе има просечна плата од 30.000 денари или 500 евра. Спиралата на платите следете како ќе расте. Пензиите се покачени во просек за 826…
Државата им даде пари да се раздолжат, ама општините и понатаму се едни од најголемите должници. Според најновите податоци, на крајот на март годинава општините имаат доспеан, а невратен долг вреден 71,6 милиони евра. Ако се споредуваат податоците, на крај на септември лани долгот беше 81,2 милиони евра. Сепак во меѓувреме со владина одлука на општините должници им беше одобрена помош да вратат по половина од долговите. Тоа сепак не го преполовило и вкупниот долг затоа што малку од општините донеле одлуки и почнале со раздолжувањето. Фактор ги анализира најновите податоци од годинава, а бројките можеби ќе ги потврдат стравувањата…
Период за прилагодување, па потоа акциза за домашно произведена ракија. Ова е ставот кој го застапува пратеникот Панчо Минов во врска со Предлог законот за акцизи кој е во собраниска процедура. Исто како него размислуваа и производители на домашна ракија од Тиквешко, кои се сретнаа со него во врска со оваа проблематика. Минов рече дека неговиот амандман бил целосно прифатен од матичната Kомисија за економски прашања. -Но, во Законодавно-правната комисија тоа не помина. Следува натамошна постапка, па затоа и организирав средба со лозари кои произведуваат и ракија. Да направиме дополнителни консултации. Моето убедување е дека треба да се остане на…
Количината на злато која богатите земји ширум светот ја “таложеа” во текот на 2018 година го достигна второто највисоко годишно ниво досега, објави Светскиот совет за злато. Во однос на претходната година, националните банки купувале толку злато, што е забележан скок од дури 74 проценти.  5. Русија Во текот на изминатите шест години, Централната банка на Русија купувала големи количини на злато. Во 2017 година, земјата ја турна Кина од листата на петте најголеми сопственици на злато. Минатата година, Русија стана водечки светски купувач на злато со нето-откуп од 651,5 метрички тони. Во февруари, Централната банка на Русија ги зголеми…
Во периодот од 22 до 24 март 2019 година, во Дубровник, Р. Хрватска, се одржа 6-тиот Регионален самит на претприемачи во Средна и Југоисточна Европа. Целата на Самитот беше да се промовира важноста и придонесот на претприемништвото во креирањето на целокупниот раст и развој на економиите и општеството, како и да се истакне важноста за креирање подобри услови и политики за поголем развој на претприемачкиот дух во регионот. Еден од добитниците на награда и признание за особен придонес за развој на претприемништвото во земјите од Средна и Југоисточна Европа - „Stvaratelji za Stoljeca” е компанијата Рептил. Компанијата Рептил маркети на…
Top