(0 гласови)
Сопствениците на хостелите во Сплит со причина се загрижени. Иако пандемијата го запре доаѓањето на туристи, не ги запре и трошоците, а без гости, претприемачите се плашат за опстојување на нивните бизниси. „Бевме отворени за време на цела корона, имавме неколку луѓе. Некои веќе имаат работни визи, некои дозвола за престој, тројца не можат да се врата дома поради затворените граници... Минатата недела дојдоа тројца Хрвати, овие денови еден од нив се враќа. Беа дури и две странки и една жена од Црна Гора. И, тоа е тоа“, рекла Дора Мишурац, сопственичка на сплитски хостел за „Слободна Далмација“, додавајќи дека таа бројка…
(0 гласови)
Унгарската полиција минатиот викенд спречила повеќе од 300 мигранти да влезат илегално на територија на ЕУ. Граничната полиција затекнала 54 лица кои се обиделе да ја прескокнат или исечат жичната ограда на унгарско-српската граница, додека 258 мигранти биле фатени во пограничната зона без документи.  Меѓу нив најмногу има такви кои се изјаснуваат како Сиријци, потоа има граѓани на Ирак, Иран, Авганистан и Палестина. Полицајците од Бач-Кишкун во соработка со унгарската војска, во близина на местото Морахалом, откриле тунел под жичната ограда на границата.   Унгарската полиција смета дека тунелот, со висина од 40 центиметри и должина од 24 метри, бил…
(0 гласови)
Ахмад Табиш минал седум државни граници и бил толку блиску до својата цел да влезе во ЕУ. Мислел дека го минал најлошото, но се воспоставило дека на неговите маки не им дошол крајот. Наишол на хрватската гранична полиција и доживеал тепање и понижување. Тој е само еден од многуте мигранти, кои, барајќи подобар живот, во Хрватска биле матретирани.  Табиш за данските медиуми раскажал дека го претепале членови на хрватската гранична полиција. Тој сега има скршена нога, скршен нос, неколку конци на глава и повредено око. Како што раскажал, Хрватите уживале додека го тепале.   Кога 36-годишниот пакистански мигрант, заедно со…
(0 гласови)
За многумина најубавиот хрватски остров, моментално е празен. Една тамошна угостителка, секоја година е подготвена да ја дочека сезоната, а нејзините апартмани се преполни со гости, но не и оваа година. Таа вели дека уште пред еден месец цените таму се значително намалени, што е објавено и на сајтот „Airbnb“, но реакција сè уште нема. Дел од хрватските газди кои што изнајмуваат апартмани се очајни, затоа што поради пандемијата коронавирус, резервациите запреле. Како што велат тие, не помага ниту намалувањето на цените. „Пред короната бевме преполни до половина од месец јули, но не сум сигурна што можеме да очекуваме. Хвар зависи од…
(0 гласови)
Косовската влада го забрани увозот на стоки од Србија, доколку во документите не стои „Република Косово“, објави Приштина во неделата, потег што официјален Белград го смета за полош од воведувањето на данок од 100 проценти во 2018 година. „Дијалогот е на респиратор“, рече српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, илустрирајќи ги односите, откако косовската влада донесе одлука за рестриктивната мерка. Со неа се забранува увоз на производи доколку на документите не е назначено „Република Косово“ и се воведува обврска секое возило со стока од Србија да има посебна дозвола. „Во трговските односи со Србија, забранета е употреба на документи…
(0 гласови)
Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1 јуни, српските медиуми остро ја нападнаа црногорската влада, а српската премиерка, Ана Брнабиќ, го повика народот на Србија да не летува во Црна Гора. Во понеделникот црногорскиот премиер Душко Марковиќ објави дека Црна Гора ќе ги отвори своите граници за земји со помалку од 25 заразени лица на 100.000 жители, вклучувајќи ги и Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Унгарија, Албанија и Грција. Повеќето црногорски медиуми пренесоа изјава на Брнабиќ, каде таа за „Пинк“ вели дека српските граѓани сега можат да видат…
(0 гласови)
Вклучување во живо од местото на настанот, кога можат да се случат непредвидени работи, навистина не е лесна работа. Често поради технички проблеми или некои други непредвидени ситуации се случуваат и гафови на новинарите. Токму тоа ѝ се случило на новинарка на РТС, Ана Стаменковиќ, кога се влучила во Дневник - доживеала непријатност, бидејќи немала тонска врска со студиото. Таа почнала да зборува, но во еден момент ѝ се причинило дека ја изгубила врската со студиото, па престанала да зборува, само го прашала водителот дали Дневникот воопшто започнал. Од студиото брзо реагирале, го прекинале вклучувањето, а Стаменковиќ подоцна повторно се јавила и ја одработила професионално својата работа.
(0 гласови)
Цагалакис објаснил дека во изминативе неколку години, туристите од земјите членки на ЕУ, ги тужеле холетиле во Грција поради разни причини. Грчките хотелиери не се расположени ова лето ширум да ги отворат вратите за туристите од странство, особено НЕ за оние од земјите членки на ЕУ. Причината, како што велат тие, е ‘лошо искуство од претходните години’. Претседателот на здружението на критските хотелиери, Манолис Цакалакис, за локалните медиуми изјавил дека не е сигурен дека на овој грчки остров оваа сезона ќе бидат отворени повеќе од 20 отсто од хотелите. Причината е помалку бизарна – се плашат од тужба од туристите. Имено, Цакалакис објаснил…
Top