Средновековниот црногорски град Котор, сместен во величествениот Бокакоторски залив, преживеал многу војни и олуји. Сега се соочува со друг вид на напад. Огромните крузери со многу туристи му се закануваат на местото кое со години се опишувало како скриен дијамант. Брегот кој Лорд Бајрон го опишал како "најубав спој на копно и море" сега е место на незапирлив развој на недвижнини. Стариот град обиколен со бели ѕидини станал алтернатива за патниците кои се обиделе да го избегнат масовниот туризам кој го задушил Дубровник. Минатата година популарниот Дубровник, препознатлив по средновековните ѕидини и вброен во листата на УНЕСКО за културни наследства…
Бетонскиот потпорен ѕид кој вчера делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура, денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат. Овој потпорен ѕид, кој се наоѓа на Коридорот 10 на делот од автопатот во изгрдба кон Македонија, на делницата Горно Поле- Царичина долина, во изминативе пет месеци паѓаше дури трипати. Попорната конструкција вчера во должина од 50 метри и дестабилизација на делот од заштитната косина со вкупна должина од 725 метри, со што се уништени околу 500 квадратни метри галерија над местото каде се гради десната лента на новиот автопат. За време на паѓањето на бетонот, земјата и…
Престолонаследникот на албанскиот крал Лека Зогу, принцот Лека Втори, изјави дека Албанија и Косово треба да се обединат во една албанска монархија. Во интервју за весникот ,,Диели” (Сонце) принцот Лека Втори вели дека ,,задача на кралското семејство е да ги симне бариерите помеѓу Албанците и да ги обедини албанските групи на Балканот “. Тој додава дека ,,една Голема Албанија организирана во една уставна монархија ќе понудеше поголема политичка стабилност во споредба со сегашниот политички систем во Албанија”. ,,Кралското семејство секогаш ќе ја почитува волјата на албанскиот народ. Да му служиш на народот е една голема привилегија и чест”, нагласува принцот…
Мега популарната пејачка Дуа Липа ги доби клучевите на градот Приштина откако пристигна во Косово поради фестивалот "Sunny Hill" кој го организира нејзиниот татко. Тоа е прв пат некој да ги добие клучевите на овој град. Инаку, Липа која е сè повеќе популарна, привлече големо внимание со голотијата во спотовите, но и отворената поддршка за независноста на Косово.  "Ова е голема чест за мене", напиша на својот Инстаграм профил и му се заблагодари на градоначалникот на Приштина, Шпенд Ахмети. Such an honour to be given the first key to the city of Prishtina, Kosova from the Mayor of Prishtina, Shpend…
Минатата седмица чешки државјанин беше нападнат од ајкула за време на неговото летување со семејството на Црвеното море. Неговото тело беше пронајдено на плажата Алам, а локалните жители ги предупредуваат туристите да не пливаат далеку затоа што опасноста од напад на ајкула станува се поголема. Ајкула исто така неодамна пристигна и на брегот на познатото шпанско летувалиште Мајорка. Нималку пријатната сцена ги растера туристите од морето и плажите, а спасувачките служби беа приморани да реагираат и да ја бркаат ајкулата во длабоките води. После бројните напади забележани во Масачусетс и во уште неколку краеви на светот, не можеме а да…
Сателитите на Google Earth снимија непознат објект под површината на морето во близина на грчкиот брег, а засега никој не знае што би можело да биде тоа. Објектот има кружен облик и пречник од околу 70 метри, а на него се гледаат неколку симетрични помали кругови. Објектот јасно се гледа под површината на морето, а се наоѓа на само неколку метри од брегот во близина на Солун. На снимката е наведено дека координатите се 40°27'4.62" географска ширина и 22°51'39.78" географска должина. Снимката на Disclose.tv ја објави еден корисник на Google Earth и веднаш започнаа нагаѓањата на теоретичарите на заговор за…
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, изјави за рускиот весник „Известија“ дека влезот на Турција во Европската Унија во моментов е невозможен. Политичарот додаде дека Унијата како целина и особено Бугарија се посветени на продуктивна соработка со Анкара, вклучително и поради тоа поддршката од Турција во решавањето на проблемот со миграцијата, пренесе бугарската новинска агенција „Фокус“. „Прашањето за интеграција на ЕУ во Анкара не може да се разгледа со оглед на околностите. Турција е посветена на ЕУ повеќе од 50 години, но ако ја земеме предвид моменталната ситуацијата, не е време да се зборува за влез на земјата во Унијата“, рече Борисов.…
Обвинетиот за воени злосторства, Насер Ориќ, држи јавни предавања низ Босна и Херцеговина, во кои се заканува со нови воени судири. Воениот командант на таканаречената Армија на БиХ во Сребреница, против кого пред Судот на БиХ бил обновен процесот за обвиненијата дека е одговорен за страшните воени злосторства над заробените српски цивили и војници, наведените закани ги изрекол минатиот викенд во просториите на Исламскиот педагошки факултет во Зеница. Учествувајќи како специјален гостин на промоцијата на книгата "Животот пред и по Сребреница" од авторката Еснефа Смајловиќ Мухиќ, Ориќ речиси половина час држел класичен говор.  Најмногу зборувал за предавството во Сребреница од…
Top