(0 гласови)
Пратениците од партијата „Волја“, Веселин Марешки и Кристина Таскова во Парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата. Марешки истакна дека сите бугарски пратеници треба да преземат мерки против новиот корона вирусот со цел да се заштитат себе си, своите блиски и бугарскиот народ. Тој додаде дека „бугарскиот Парламент не треба да се претвори во центар на заразата“. Во Парламентот се преземаат сите санитарни мерки, сите пратеници се со маски, а говорницата постојано се чисти. Правиме тоа што можеме, но не можеме да ја запреме работата…
(0 гласови)
Во Хрватска се потврдени уште девет случаи на заразени со коронавирус, така што вкупниот број на инфицирани се зголеми на 65 лица, изјави министерот за здравство Вили Берош. Берош во телевизиска изјава рече дека досега се излекувани четворица пациенти. Досега, повеќе од 800 лица биле тестирани за вирусот во Хрватска, додека 8.464 лица се под надзор. Од друга страна, во Црна Гора сè уште нема пациенти со коронавирус, соопшти денеска Институтот за јавно здравје во оваа земја. „Сите наоди, вклучително и вчерашните, се негативни“, рече епидемиологот Игор Галиќ. Вчера биле тестирани 10 лица, а досега вкупно се направени 98 тестови.
(0 гласови)
„Во Србија денеска имаме вкупно 48 заразени лица. Немаме смртни случаи, но нема сомнеж дека во наредните денови ќе се соочиме и со тоа”, изјави Вучиќ. Во битката за постарите лица, како што рече Вучиќ, ќе бидат преземени најтешки мерки, а лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови. Тој најави дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува. „Доколку мораме, во рок од 72 часа, ако прекршувањето е повеќе од 0,1 или 0,2 отсто, ќе се донесе обврзувачка одлука сите стари лица да останат во своите домови и нивните дворови доколку се…
(0 гласови)
Досега во Црна Гора не се пријавени случаи на коронавирус, меѓутоа граѓаните почнале на големо да купуваат брашно и основни животни намирници. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека рафтовите во продавниците или супермаркетите се речиси празни, објави подгоричкиот портал ЦдМ. Како што е наведено, граѓаните купуваат брашно, масло, сувомесни производи, но и средства за хигиена. Во супермаркетите во Подгорица има голема навалица, сето тоа поради паника предизвикана од социјалните мрежи, но и пораките кои кружат меѓу граѓаните во кои велат дека постои коронавирус во Црна Гора и дека владата официјално ќе ги објави информациите в четврток. #vijesti…
(0 гласови)
Вирусите не бираат националност и не ги интересираат граници. Меѓутоа, интересно е дека Турција уште нема ниеден случај на зараза од коронавирус, па многумина се прашуваат како им тргнало тоа од рака. Земјата со околу 80 милиони луѓе тврди дека нема ниеден потврден случај, иако околу неа ситуацијата е сосема поразлична.  Во светот досега се потврдени речиси 115.000 случаи на зараза и 4.000 смртни случаи. Вирусот се проширил на 90 земји. Турскиот министер за здравство, Фахретин Коца ја пофалил владата за ефикасното спречување на влегувањето на вирусот во земјата. Како Турција засега успеала да го сопре коронавирусот, а другите земји…
(0 гласови)
Во Србија се потврдени нови седум случаи на коронавирус, така што бројот на заразени порасна на 12, соопшти утрово Министерството за здравство на Србија. Од последниот извештај, синоќа во 18 часот, до утрово во 8 часот, тестирани се примероци на 13 лица, од кои седум биле позитивни и шест негативни на коронавирус. До денеска во 8 часот во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се вкупно 130 лица, кои ги исполнувале критериумите за дефиниција на случаите. Од новите седум случаи, пет се поврзани со две женски лица, за кои вчера беше утврдено дека се позитивни по директен контакт со…
(0 гласови)
Грчката крајбрежна стража на сите начини се обидува да ги спречи мигрантите да пријдат до нивното крајбрежје па наводно и пукала кон бродот кој што бил полн со мигранти во Бодрум, покажува снимката која турските власти ја споделиле со медиумите. Освен тоа, очигледно дека крајбрежната стража се обидува да го потопи и мигрантскиот чамец, а во еден момент се слушаат истрели. Меѓутоа, вчера веќе се појави снимка која што не е во прилог на грчката полиција затоа што на неа се гледа застреланиот Сириец кој се обидува да ја премине границата. #Turkey is now turning against Europe. By sending migrants…
(0 гласови)
Верувале или не, оваа жена била принудена да седи во чекалницата заедно со останатите пациенти. 40-годишната жена од населбата Маруси во Атина е првата заразена од коонавирусот во престолнината на Грција, а за тоа како се заразила и што следело понатаму раскажала за грчките медиуми. Во интервју за емисијата „Заедно и во викенд“, жената раскажала дека заедно со својот сопруг се вратила од Милано, отишла кај државен доктор каде што чекала ред со часови па потоа одлучила да посети приватен докктор. „Се вративме во саботата вечер од Милано. Веќе во неделата бев дома со своето семејство. Во понеделникот отидов на…
Top