(0 гласови)
Милорад Улемек Легија, кој издржува казна од 40 години поради убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинџиќ, немал секс цели 12 и пол годни, па паднал во депресија. Според српските медиуми, Легијата пател од депресија поради тоа што му недостасувале интимни моменти со неговата невенчана сопруга Александра Ивановиќ. „Легија многу ја сака и почитува својата сопруга, но пати поради тоа што не може да ја допре поради непробивното стакло. Поради тоа многу би му значело да му се укине изолацијата во „Алкатраз“ и да му се одобри правото да има љубовна соба“, открил извор близок до Легијата и Александра, пренесуваат српските…
(0 гласови)
Српскиот премиер Александар Вучиќ поднесе оставка на местото шеф на Бирото за координација на службите за безбедност и за ова во следните неколку дена ќе го извести претседателот Томислав Николиќ, пишуваат Новости. Според информациите на весникот, ова ќе биде прва конкретна последица од „случајот Јајинци“ кој ги откри пукнатините во безбедносниот систем на првиот човек на владата, кој веќе четири дена нити во претпоставки не може да посочи кој го оставил арсеналот оружје во близина на семејната куќа на Вучиќ. Српскиот премиер се одлучи на овој чекор поради тоа што безбедносните служби не го увериле дека ги контролираат работите, а…
(0 гласови)
Дарко Ристиќ Меда го претепал водачот на криминалната група „Америка“, Зоран Јакшиќ, додека тајно престојувал во Белград открива српскиот весник „Курир“. Инцидентот се случил на почетокот на минатата година во познат белградски клуб. Ристиќ во јавноста е познат како ортак на Александар Станковиќ или Сале Мутави кој беше убиен на средината на овој месец. Станковиќ беше водач на навивачката група „Јаничари“, а неговиот верен друга Меда е член на оваа хулиганска организација Инаку, Јакшиќ летово во Перу бил уапсен за шверц на половина тон кокаин од Јужна Америка во Европа. Групата „Америка“ во Белград во 90-тите стана познат клан. За…
(0 гласови)
Земјите од регионот ги затегнуваат сообраќајните правила. Србија воведува нов закон за безбедност во сообраќајот на патиштата, според кој, казните значително се зголемуваат. Според новиот српски закон, ако возите дете до 3 годишна возраст во автомобилот и при тоа немате детско седиште, полицијата ќе ве казни со 1000 евра. 1000 евра ќе треба да платат и возачите кои имаат постаро дете, но го возат во автомобил без да биде врзано со безбедносниот појас. Интересно е дека според новиот закон, ќе мора да ставите појас и на задното седиште. Во спротивно, казната е 5.000 српски динари или околу 40 евра. Србите…
(0 гласови)
На оружјето, бомбите и муницијата пронајдена во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ со вештачење се пронајдени ДНК-траги на најмалку три лица, изјави српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, пренесуваат српските медиуми. Српскиот министер изјавил дека ќе биде доста тешко поединечно да се изолираат отпечатоците еден од друг и да се според, поради што ќе бидат применети поинакви методи за обработка на овие трагови. Тие биле пронајдени на еден рачен фрлач, на бомбите и неколку пакети на муниција, објаснил Стефановиќ. -Има некои лица за кои се сомневаме дека можат да помогнат во расветлувањето на случајот. Не…
(0 гласови)
Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос по трет пат за краток период повторно упати провокации до Македонија, овојпат од Солун порачувајќи дека „грчкиот карактер на Македонија е неоспорлив и за него не се преговара“. „Денот на прославата на светиот спомен на заштитникот на Солун, Свети Димитрија, е годишнина на славниот пат на Солун, од една страна, за историјата на нацијата и православието, и второ, за неговата улога како буден чувар за грчкиот карактер на нашата Македонија кој е неоспорлив и за кој не се преговара“, изјави Павлопулос. Минатата недела најпрво во Воден, Павлопулос изјави дека „Македонија била и ќе остане грчка“, а…
(0 гласови)
Во Србија е зголемена активноста на странски разузнавачки служби од Исток и Запад, рекол српскиот премиер Александар Вучиќ, по состанокот со Канцеларијата за координација на службата за безбедност. Српскиот премиер изјавил дека висок службеник на Управата на криминалистичката полиција издавал податоци на странски служби, но не прецизирал за чии интереси работел споменатиот оперативец. Сепак, неговиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ потврдил дека станува збор за "западна разузнавачка служба", и дека уапсениот за таа служба работел подолго време. Имено, Србија во последно време е погодена од неколку шпионски афери. Кон крајот на летото бил уапсен наводниот хрватски шпион Чедо Чоловиќ,…
(0 гласови)
Речиси три четвртини од младите Хрвати не го напуштаат домот на родителите, а според бројот на младите од 18 до 34 години, кои се уште живеат со родителите, Хрватска со 70 отсто е рекордер во Европската унија. Според податоците на Евростат, по Хрватска се Словачка, Србија, Италија и Малта. ­ – За да си заминете од домот на родителите, треба да имате извесни приходи. Друг фактор се цените на недвижнините, висината на наемот, луѓето тоа едноставно не можат да си го дозволат, а следната работа секако се одредени навики и комодитетот, тврди социологот Гојко Бежован, јавуваат хрватски медиуми. Во традиционално…

primer 8

Top