Хрватските медиуми се занимаваат со скандал во чиј центар се нашол потпретседателот на тамошната влада, Томислав Толушиќ, кој наводно во друштво на проститутка, консумира кокаин. Фотографиите ги објавил хрватски "Nacional", од, како што навеле, анонимен извор. На фотографиите наводно се гледа Толушиќ кој седи на фотелја. На него седи црнокоса жена со голи нозе. Лицето не и се гледа. Таа, како што се чини, во раката држи мобилен телефон, а наводно Толушиќ се подготвува да консумира кокаин, пренесува "Index.hr".  Како што наведува порталот понатаму, во позадина се гледа големо огледало, а на другата фотографија хидромасажна када. Се истакнува дека фотографиите…
Дописник на Дејли Меил, Хрватска ја нарекол „речиси совршена земја за семеен одмор“, а за совршенство, според него, ѝ недостасуваат само песочни плажи. Даниел Сандерсон и неговото семејство ги посетиле Истра и Опатија за време на годишниот одмор во Хрватска, а веќе најавиле и повторно летување таму. На првиот дел од патувањето биле сместени во вила во Истра, а велат и дека аквапаркот „Istralandia“, кој е прогласен за петти најдобар воден парк во Европа им оставил најголем впечаток.   Но, од друга страна, без разлика што во вилата сместувањето им било прекрасно, за него семеен одмор не е целосен без…
Меѓу повредените, 10 се полицајци, пренесува „Катимерини“. Едно лице со повреда од нож е пренесено во болница, но засега нема потврда дали лицето е повредено за време на протестот или станува збор за изолиран инцидент. Протестот почна утринава, а учесниците вејат грчки знамиња и знамиња со сонцето од Вергина. Тие бараат повлекување на договорот со Македонија и распишување на референдум.   Според проценките на некои медиуми, на протестот учествуваат 60 000 луѓе. Во Атина денеска пристигнале 326 автобуси од повеќе градови во Грција. На протестот учествуваат и членови на опозицијата.   Уште на почетокот на протестот дојде до судири меѓу…
Владимир Путин денеска ќе пристигне во Белград, во придружба на 30 најблиски специјалци од Федералната служба за обезбедување, а околу 6.000 полицајци и лица од безбедносните служби ќе се грижат за неговата безбедност во Белград. Специјалците на ФСО дејствуваат во најстрога тајност, оваа агенција е позатворена дури и од ФСБ која го наследи познатиот КГБ. Поради тоа, нејзините припадници често се нарекуваат духови, а во медиумите се појавуваат бројни претпоставки, меѓу кои и оние дека во своите редови имаат двајца двојници на Путин. Како што пишуваат српските медиуми, за време на посетата на првиот човек на Русија, по должината на…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба во пристигне во долгонајавуваната посета на Белград. На белградскиот аеродромот ,,Никола Тесла” ќе го пречека спрскиот претседател Александар Вучиќ. По пречекот и официјалните разговори Путин и неговиот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ вечер ќе ја посетат црквата „Свети Сава“ каде што е најавен собир по повод престојот на рускиот претседател. Путин последен пат ја посетил Србија во 2014 година. Ова е нивна 14-та средба. Претседателот на Русија, Владимир Путин ќе го чуваат повеќе илјади полицајци, а се шпекулира за бројка од 7.000. Припадниците на Министерството за внатрешни работи ќе преземат максимални мерки за безбедност,…
41-годишниот Чаба Дер, платеник осомничен дека на 5-ти јануари ладнокрвно го убил 37-годишниот Небојша Марковиќ на Баново брдо, во текот на еден период бил прилично активен на социјалните мрежи. Платениот убиец од Суботица, кој зад себе има пошироко криминално досие, на една социјална мрежа објавувал голем многу фотографии и видео снимки од летувањата на разни егзотични дестинации.  Дер со своите пријатели на мрежата споделувал и фотографии од патувања во странство, како и снимки од теретана на кои се гледа како удира во вреќа. Пред убиството на Марковиќ, Чаба Дер вршел валкани работи и надвор од Србија, па така во 2017-та…
Српската полиција распишала потерница по 38-годишниот Чаба Дер, од Чантавир кај Суботица, осомничен за убиството на 37-годишниот Небојша М. на 5-ти јануари на Баново брдо во Белград. Како што неофицијално дознаваат српските портали од извори блиски на истрагата, сите гранични премини се надгледуваат, во тек се претреси и сослушувања, а инспекторите досега испрашале повеќе од десет лица. Меѓу нив, наводно, има и познаници на осомничениот, како и пријатели на жртвата.  Осомничениот бил во затвор за убиство на Бранислав Јелачиќ, од каде излегол пред околу една година. Во меѓувреме бил приведуван и во Република Српска, а наводно, според пишувањето на медиумите,…
Пред неколку дена регионот го обиколи снимка од надзорните камери од дискотека во Сараево на која се гледа како познатиот ММА борец Денис Стојниќ го претепал насилникот кој ја нападнал девојката. Сега се појавила уште една снимка, но на неа "во главна улога" е братот на Стојниќ, Дадо. "Погледнете како братот на Денис Стојниќ "го нашминка" дечкото што претходно брутално ја претепа својата девојка во тоалетот", пишува во описот на снимката објавена на Фејсбук страната "Црна хроника БиХ". Како што се наведува, снимката настанала во 2016-та година во Тесла клуб, откако едно момче ја тепало својата љубоморна девојка во тоалетот.…
Top