(0 гласови)
„Во Србија денеска имаме вкупно 48 заразени лица. Немаме смртни случаи, но нема сомнеж дека во наредните денови ќе се соочиме и со тоа”, изјави Вучиќ. Во битката за постарите лица, како што рече Вучиќ, ќе бидат преземени најтешки мерки, а лицата постари од 65 години мора да останат во своите домови. Тој најави дека во наредните три дена полицијата ќе проверува колку мерката се почитува. „Доколку мораме, во рок од 72 часа, ако прекршувањето е повеќе од 0,1 или 0,2 отсто, ќе се донесе обврзувачка одлука сите стари лица да останат во своите домови и нивните дворови доколку се…
(0 гласови)
Досега во Црна Гора не се пријавени случаи на коронавирус, меѓутоа граѓаните почнале на големо да купуваат брашно и основни животни намирници. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека рафтовите во продавниците или супермаркетите се речиси празни, објави подгоричкиот портал ЦдМ. Како што е наведено, граѓаните купуваат брашно, масло, сувомесни производи, но и средства за хигиена. Во супермаркетите во Подгорица има голема навалица, сето тоа поради паника предизвикана од социјалните мрежи, но и пораките кои кружат меѓу граѓаните во кои велат дека постои коронавирус во Црна Гора и дека владата официјално ќе ги објави информациите в четврток. #vijesti…
(0 гласови)
Вирусите не бираат националност и не ги интересираат граници. Меѓутоа, интересно е дека Турција уште нема ниеден случај на зараза од коронавирус, па многумина се прашуваат како им тргнало тоа од рака. Земјата со околу 80 милиони луѓе тврди дека нема ниеден потврден случај, иако околу неа ситуацијата е сосема поразлична.  Во светот досега се потврдени речиси 115.000 случаи на зараза и 4.000 смртни случаи. Вирусот се проширил на 90 земји. Турскиот министер за здравство, Фахретин Коца ја пофалил владата за ефикасното спречување на влегувањето на вирусот во земјата. Како Турција засега успеала да го сопре коронавирусот, а другите земји…
(0 гласови)
Во Србија се потврдени нови седум случаи на коронавирус, така што бројот на заразени порасна на 12, соопшти утрово Министерството за здравство на Србија. Од последниот извештај, синоќа во 18 часот, до утрово во 8 часот, тестирани се примероци на 13 лица, од кои седум биле позитивни и шест негативни на коронавирус. До денеска во 8 часот во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се вкупно 130 лица, кои ги исполнувале критериумите за дефиниција на случаите. Од новите седум случаи, пет се поврзани со две женски лица, за кои вчера беше утврдено дека се позитивни по директен контакт со…
(0 гласови)
Грчката крајбрежна стража на сите начини се обидува да ги спречи мигрантите да пријдат до нивното крајбрежје па наводно и пукала кон бродот кој што бил полн со мигранти во Бодрум, покажува снимката која турските власти ја споделиле со медиумите. Освен тоа, очигледно дека крајбрежната стража се обидува да го потопи и мигрантскиот чамец, а во еден момент се слушаат истрели. Меѓутоа, вчера веќе се појави снимка која што не е во прилог на грчката полиција затоа што на неа се гледа застреланиот Сириец кој се обидува да ја премине границата. #Turkey is now turning against Europe. By sending migrants…
(0 гласови)
Верувале или не, оваа жена била принудена да седи во чекалницата заедно со останатите пациенти. 40-годишната жена од населбата Маруси во Атина е првата заразена од коонавирусот во престолнината на Грција, а за тоа како се заразила и што следело понатаму раскажала за грчките медиуми. Во интервју за емисијата „Заедно и во викенд“, жената раскажала дека заедно со својот сопруг се вратила од Милано, отишла кај државен доктор каде што чекала ред со часови па потоа одлучила да посети приватен докктор. „Се вративме во саботата вечер од Милано. Веќе во неделата бев дома со своето семејство. Во понеделникот отидов на…
(0 гласови)
Албанија ризикува повторно да стане „европска Северна Кореја“, изјави албанскиот претседател Илир Мета. Тој во интервју за „Еуроњуз“ ја обвини владата предводена од премиерот, Еди Рама, дека ја узурпира секоја независна институција и станала еднопартиски режим. Албанскиот претседател тврди дека води битка за демократија и негира дека станува збор за лична борба за моќ со премиерот Рама. „Како можам да се издигнам над партиската политика, кога имаме целосно заробување на државата од страна на владејачкото мнозинство во Албанија, кога тие контролираат сè“, рече Мета. „Денес, за жал, живееме во еднопартиски режим, под закана да се вратиме 30 години назад кога…
(0 гласови)
Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово. „На страните е да ги одредат параметрите на дијалогот“, изјави тој во интервју за порталот „ЕУ обзервер“.  На прашањето во врска со можноста за размена на територии, тој вели: „Она што ние го поддржуваме е страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса и да пројандат пат кон нормализација на односите, идеално би било со заемно признавање“. Палмер не одговорил на прашањето за тоа дали позицијата на САД е спротивна од германскиот став дека размената…

primer 8

Top