(0 гласови)
Грчките плажи се отвораат наредниот викенд, со оглед на високите температури кои се очекува да го достигнат 35-от Целзиусов степен во наредните неколку дена. Одлуката на Комисијата за заразни болести се сметала за повеќе од потребна по гужвите кои се случиле минатиот викенд на дивите плажи кои им биле достапни на граѓаните.  Затоа, сите организирани плажи во Грција кои добиле дозвола, од сабота од 8 часот наутро ќе работат според следните услови: - задолжително бележење на бројот на посетители и контролирање на влезот - максималниот број на капачи е 40 лица на 1.000 квадратни метри - минималното растојание помеѓу чадорите е 4 метри - под еден чадор…
(0 гласови)
Црногорската полиција синоќа ги повикала на сослушување во Никшиќ епископот на СПЦ, Јоаникие и уште седум свештеници за организирање на литија – молитвена поворка на свештеници и граѓани, со што е прекршена забраната на црногорската влада за собири поради епидемијата на коронавирус. Додека свештениците давале изјава во полициската станица Никшиќ, неколку стотици граѓани се собрале пред зградата, пеејќи црковни песни и песни за Косово, извикувајќи „Нема ги даваме светилишта“ и „Не го даваме владиката“, додека пред нив стоеле полицајците со полна опрема. Според црногорските медиуми, владиката Јоаникие, инаку еден од најблиските соработници на митрополитот на Српската православна црква во Црна…
(0 гласови)
Српската полиција уапси 33-годишен црногорски државјанин осомничен дека вчера попладне со автоматска пушка влегол во кафуле во Белград и предизвикал паника меѓу гостите, објави „б92“. Тој е осомничен дека вчера околу 17 часот, вооружен влегол во летната бавча на едно кафуле во Врачар и потоа избегал во непознат правец. Осомничениот не го употребил оружјето, ниту некој бил повреден, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Полицијата во неговиот стан нашла автоматска пушка „узи“ со пригушувач, силиконска маска и гардеробата која ја носел кога влегол во кафулето. Novi snimak sa Vračara pic.twitter.com/qve99URNgf— Spasoje Jugović (@JugovicSpasoje) May 11, 2020
(0 гласови)
Коронавирусот остави значајна негативна трага на германскиот извоз, затоа што тој паднал на најниско ниво од повторното обединување на земјата во 1990-та година. Извозот на таканаречената европска ‘локомотива’ во месец март опаднал за 11.8 отсто затоа што неговите главни трговски партнери, како Италија и Кина веќе беа во карантин. Според податоците на државниот завод за статистика, извозот во месец март изнесувал 108.9 милијарди евра, а увозот е намален за 5.1 отсто. Со оглед на разликата во падот на извозот и увозот, буџетскиот суфицит на земјата која што повеќепати ја критикуваа меѓународните тела, се намалил на 17.4 милијарди евра. Германската влада предвидела дека економијата, која што многу е…
(0 гласови)
Од Институтот за биологија изјавиле дека во текот на пролетта, женките ајкули понекогаш можат да се забележат. На само пет километри од крајбрежјето Режевичи, рибари од Будва во текот на вчерашниот ден здогледале ајкула долга околу три метри. Мирко Ѓуровиќ од Институтот за биологија изјавил дека станува збор за вид сина ајкула која што живее во Јадранот, загрозен и заштитен вид кој најчесто не е опасен по луѓето. „Одредено време плива покрај крајбрежјето, а потоа се оддалечува“ – наведено било во описот на видеото кое што го снимил Бранко Драгишиќ.
(0 гласови)
20-годишниот Ф.Р. од српски Обреновац е уапсен откако со својот автомобил упадна во Прифатен центар за мигранти во градот. Тој упадна во кампот кој го обезбедува српската војска, а видеото го пренесуваше во живо на својот профил на Фејсбук. „Не сакам мојата девојка да ја напаѓаат мигранти, не сакам муслиманска држава, не сакам мојата војска да ги чува во мојот град. Не сакам во мојот град да гледам луѓе кои бегаат без причина, не сакам да го трпам ова, казната ќе биде голема“, извикуваше 20-годишниот Ф.Р. додека се возеше со автомобилот низ мигрантскиот камп. Тој истакна дека сака да го изрази своето…
(0 гласови)
Повеќе регионални медиуми објавија снимка од убиството на Даворин Балтиќ, што се случи на 1 јануари 2018 година во Врачар во Белград. Убиениот Балтиќ беше една од жртвите на бруталната војна меѓу кавачкиот и шкаљарскиот клан од црногорското подземје, пренесува „Дневни аваз“. Снимката од убиството беше првично објавена на порталот „Крик“, а на неа се прикажани две вооружени лица облечени во бели костуми кои се приближуваат до автомобилот на Балтиќ и од двете страни кон возилото пукаат со десетици куршуми. Балтиќ безбедносните служби го надгледувале како војник на кавчкиот клан.     Тој беше убиен додека со својот автомобил влегувал…
(0 гласови)
Станува збор за висечки мост кој ќе биде долг 3563 метри, но тоа што ќе го издвојува е главниот распон со должина од 2023 метри. Изградбата на овој голем мост ќе чини 3 милијарди долари, а мостарината би требало да изнесува околу 15 евра, плус ДДВ. Се очекува да биде завршен кон крајот на 2022-ра година.  
Top