Инцидент за време на посетата на српскиот претседател на Загреб: Хрватски пратеник се обиде да му го попречи патот на Вучиќ (видео)

Хрватскиот пратеник Миро Буљ денес предизвикал инцидент за време на посетата на Вучиќ на државата, кога се обидел да го пресретне српскиот претседател пред влезот на Собранието.

Додека камерите го следеа српскиот претседател кој пеш се упати од седиштето на хрватската Влада до зградата на хрватскиот парламент, а на снимката се слушна како Буљ нешто му дофрла на Вучиќ, но обезбедувањето го задржа подалеку од српската делегација.

Иако не може да се слушне што дофрла Буљ, Вучиќ му одговори:

– Не се исплашив, можам да ви одговорам на секое прашање, за мене нема табу теми – рече Вучќ.

Хрватските новинари јавуваат дека Буљ се обидел да излезе пред српскиот претседател, но не успеал, па му дофрлал со прашањето „кога ќе ја посети хрватска Глина“.

Претходно хрватсио пратеник претходно учествуваше на протестот на хрватските ветерани и вдовици на плоштадот Јелачиќ.