Сараево забранува чипс, газирани пијалоци и слатки во училиштата!

Во училишта во Сараево наскоро ќе биде забранет чипсот, газираните пијалоци и слатки, а новиот Правилник за исхраната на деца во предучилишни и училишни установи, забранува продажба на нездрава исхрана.

Според новиот Правилник за исхраната во основни, средни училишта, претшколски и специјализирани установи од сите училишта на просторот на Сараево ќе бидат исфрлени автомати со слатки и газирани сокови, а ќе биде забранета и продажбата на нездрава исхрана на помфрит и чипс.

Како резултат на истражувањето кое покажало дека секој трет средношколец во Сараево има прекумерна тежина, кантоналното Министерство за образование донело Правилник за исхраната на децата во училиштата, кој поттикнува здрава храна во воспитно -образовните установи во кои учениците го поминуваат поголемиот дел од денот.

Правилникот ќе се применува во градинки, основни и средни школи, специјализирани установи, а целта е да се развијат правилни прехранбени навики кај децата, како и спречување на болести предизвикани со неправилна исхрана, потоа контролирана понуда на здрава храна и пијалоци и на децата чија здравствена состојба тоа го бара да им се овозможи.

Сите оброци и ужини ќе бидат подготвувани од свежи намирници нутритивно приспособени на психо-физичките потреби и возраст на ученикот. Правилникот наложува и еднаш дневно да се јаде свежо овошје: јаболка, круши, праски, сливи, банана, мандарина или портокали.

Предност им се дава на печивата изработени од интегрално, брашно од хељда и ’ржано брашно, со додаток на семки и свежо сирење, млечни намази, полутврдо сирење. Со ова ќе се поттикне купување на домашните млечни производи.

Пекарските и слаткарски производи, крофни, лиснати теста, чоколадни, месни и крем намази, паштети, виршли, колбаси и слично на менито ќе може да се најдат само два пати месечно, додека продажбата на сите видови чипс и помфрит ќе бидат забранети во градинките и училиштата како и продажбата на газирани сокови, енергетски пијалоци и засладени индустриски сокови.

loading...