Сали Бериша објави шокантни податоци: На границата со Албанија шверцуваат сиромашни деца поради трговија со органи!

Поранешниот премиер и претседател на Албанија, Сали Бериша, на својот профил на Фејсбук објавил дека еден полицаец му пријавил шверц на деца на границата меѓу Косово и Албанија поради трансплантација на органи, и побарал од него да помогне за да се спасат многу деца.

Ја пренесуваме целата содржина на објавата на Бериша на Фејсбук: 

Вознемирувачка пријава 

Полицаец пријавува организирана група која шврецува деца поради трансплантација на внатрешни органи! 

Го повикувам обвинителството да отвори истрага! 

"Господине Бериша, јас сум полицаец на границата кај Кукеш. Можете да спасите многу деца. На границата меѓу Албанија и Косово се шверцуваат деца помлади од 18 години поради трансплантација на органи. Со фалсификувани изводи подмитуваат полицајци со околу 150 евра. Досега се прошверцувани девет деца кои биле киднапирани во сиромашни села. Ве молам, објавете и направете нешто"..

loading...