Ослабена Меркел е многу лоша вест за Балканот!

Порталот "The Balkan Insight" во неодамнешната статија известува за промените до кои доаѓа по германските избори и нивното влијание на потенцијалните идни членки на ЕУ.

Како британската премиерка Тереза Меј, Ангела Меркел по изборите изгледа многу послабо од претходно. Пред само неколку седмици зборувала колку големо ќе биде нејзиното мнозинство. Сега, како Меј, назад на позиција, но не е на власт. 

Во некои аспекти минала и полошо од Меј, која барем добила пристојни 43 проценти од гласовите. Меркел добила помалку од 33 проценти, што се најлоши резултати за христијанските демократи уште од 1940-тите. 

Бидејќи социјалдемократите - "SDP", главната партија во опозицијата, минале и уште полошо, нема сомнение дека Меркел ќе се најде на чело на следната влада. Но, математиката составена од мнозинството во парламентот уште не е решена. 

SDP одбила да се приклучи на новата коалициска влада со Меркел, а бидејќи таа не може да си дозволи доближување до крајно десно ориентираната партија "Алтернатива за Германија" - "AFD", ќе мора да бара партнери на левата страна, меѓу зелените, и на десната страна, меѓу слободните демократи. Ако коалиција некогаш заживее, тешко може да се замисли дека ќе може да ја води Германија, или Европа. 

За Балканот, посебно за потенцијалните членки на ЕУ во регионот, тоа не се добри вести. 

 

Хрватска, Бугарија и Романија се веќе членки, па може малку да се опуштат, но Србија, Црна Гора и Македонија се на раб на влез. Презафатена Германија со внатрешни прашања е тоа што не им е потребно на овие држави. 

Една од најголемите заговорнички за ширење на ЕУ на исток, Велика Британија, веќе испаднала од игра бидејќи се обидува да се договори со Брисел во врска со трговијата пред да и истече членството во 2019. година. 

Франција никогаш посебно не се заложувала за ширење на ЕУ на исток поради страв дека ќе се намали нејзиното влијание, а Италија и Шпанија мора да се носат со сепаратизмот. 

 

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, одржал говор за состојбата на Унијата, фалејќи ја обновата на европскиот проект и обновата за процесот на проширувањето. 

Но, го одржал пред шокот на германските избори и успехот на антимигрантската партија "AFD". Идејата била дека Франција под Макрон и Германија под Меркел ќе предводат одредена европска ренесанса. Но, сега Макрон се бори со синдикати, а Меркел "не знае каде се наоѓа". 

Која коалиција и да ја направи, Меркел ќе мора да мине многу време внимавајќи на "AFD" и обидувајќи се таа партија да не и ги земе десно-ориентираните гласачи. Кога станува збор за слободните демократи како потенцијален партнер, тие се остри кон миграцијата и сакаат брза депортација на оние на кои им е одбиен азил. Тешко дека ќе се заложуваат за проширување на ЕУ. 

 

Зелените се склони на проширување, но минале најслабо меѓу нејзините потенцијални партнери. 

Секако дека не зависи се од берлинската дневна политика. Дури и зафатената Германија, проширувањето и натаму ќе се одвива бавно. Но, без силната берлинска поддршка, ќе биде многу побавно од што се очекувало. 

Државите кои се кандидати за ЕУ на Балканот можеби ќе мора да се навикнат на продолжен престој во чекалната, заклучува Balkan Insight

loading...