Трогателно писмо на српски лекар: Денеска породив една трудница. Тоа беше најтажниот ден во мојот живот

Во последните неколку денови, на социјалните мрежи се шири статус на еден српски лекар кој натера многумина да се замислат за момент. Текстот е споделен повеќе од 8 илјади пати, а истиот можете да го прочитате во продолжение:

“Денеска е најтажниот ден во мојот живот. 

Како доктор сум породил многу бремени жени и секој пат кога влегувам во породилната сала, му се молам на Бога да ги награди сите мајки.

Болката што ја поднесуваат жените во породилната сала е неопислива и таа не вклучува само девет месеци од бременоста. Тие проаѓаат низ многу нешта само за да донесат нов живот на светот.

Денеска плачев бидејќи изгубив една жена, не се молиме за вакви работи, но понекогаш Бог има различни планови. Зошто случајот на оваа жена беше толку болен? Таа не можеше да има деца цели 14 години! Ние пробавме ИВФ и многу други методи кои се познати за човештвото, а жената помина низ многу тешки моменти.

 

На крајот Бог ја почести, тоа беше над науката и човечкото знаење. Таа беше бремена и покрај тоа што имаше цисти на јајниците и матка полна со миоми.

Нејзините миоми почнаа да исчезнуваат и сè беше во ред, знаев дека Бог ќе го направи она што нам нѝ изгледаше неверојатно со неговата величественост и милост.

По девет месеци, дојде време за пораѓање, нејзиниот сопруг ја доведе во болница, а јас оставив сè што работев со цел да ја посетам. Таа се пораѓаше со часови, а по седум часа беше толку болно, што сам одлучив да ја отворам.

Ја изгубивме, но бебето е живо. Пред да почине, таа го држеше бебето во рацете и се насмевна, велејќи “Бог е најголем”, а потоа почина.

Бев потресен и тажен, отидов кај нејзиниот сопруг за да му кажам што се случило, а откако го слушна тоа, тој се онесвести. Неговиот среќен ден се претвори во тажен. Денеска изгубивме еден живот, раѓајќи нов. 

 

Ве молам да ги почитувате жените, бидејќи тие поминуваат низ долината на смртта само за да донесат нов живот. Почитувајте ги вашите жени! Носењето на бебе девет месеци не е шега, а пораѓањето со часови само за да го роди вашето дете е голема жртва.

Го молам Бог да го заштити секој оној што ја чита оваа порака, а особено трудниците, ве молам да бидат во вашите молитви.

Ве молам, доколку не сте во добри односи со својата мајка и не сакате да ѝ се јавите, направете го тоа сега! Таа поминала низ многу нешта за да ве роди!”, вели докторот.

loading...