Испечатете ја страната
Турците тврдат дека Аркан војува во Ерменија?! На Твитер се појавила фотографија од Жељко Ражњатовиќ како платеник на бојно поле, па веднаш била избришана

По лажната вест дека српскиот актер Милош Биковиќ се наоѓа на бојното поле во Ерменија, на Твитер се појавила и фотографија од Жељко Ражњатовиќ Аркан, како платеник кој војува таму.

Ваквата вест со преработена фотографија од Аркан била објавена на Твитер и веднаш предизвикала лавина од коментари на социјалните мрежи. 

Станува збор за лажна вест и монтажа, но за да биде претставено пореалистично, преработиле стара фотографија од Аркан. На фотографијата додале и "филтер за старост" кој станал вирален меѓу младите од светот на сите социјални мрежи.

Турскиот сајт "derindusunce.org" на својот профил на Твитер објавил лажна појава на Аркан во Ерменија, дури и се пишувало дека дошол по жените и децата на тамошните војници.

Сепак, како што тврди "Blic.rs", станува збор за измама, а тоа го докажува и фактот што фотографијата била избришана само еден час по објавувањето.