Испечатете ја страната
Рама: Ги укинуваме границите, Драч ќе стане и косовско пристаниште

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Косово и Албанија имаат намера да ги „отстранат границите“ и дека албанското пристаниште Драч наскоро ќе стане „косовско“.

Рама ова го изјави пред почетокот на седницата на албанската и косовската влада, што се одржува во конгресната палата во Тирана. Нашата амбиција е да ја отстраниме границата меѓу Албанија и Косово.

Верувам дека е важно министрите за внатрешни работи на двете земји да ја засилат својата работа за да овозможат контрола во граничниот премин во реално време, што ќе ни овозможи конечно да ја отвориме границата без да изгубиме ниту еден сантиметар и на фронтот против нелегалните активности и против каква било форма на злоупотреба на слободата на движење – рече Рама.