Сергеј Трифуновиќ со раскрвавена глава на протестот во Белград (ВИДЕО)

Група луѓе собрани на протестот во Белград го нападнаа актерот Сергеј Трифуновиќ, лидер на Движењето на слободни граѓани.

Нападот се случил во близина на Собранието, а на социјалните мрежи се појавија снимки од бркотницата и повредениот Трифуновиќ.

Како што пренесуваат репортерите од местото на настанот, се забележало брзо движење во толпата, а според очевидци група луѓе со ремени го бркалке Трифуновиќ, бркајќи го од протестот пред Собранието.

Едно од видеата објавено на „Твитер“ го покажува Трифуновиќ како бега и во главата добива удар со фотоапарат.

Се појавија и снимки од повредениот Трифуновиќ, со раскрвавена глава.

Според медиумите, биле протерани и други членови на Движењето на слободни граѓани, а поединци истурале пиво на нив.

 

Top