Грција ги отвора границите за сите освен за овие две земји

После повеќедневна расправа во рамки на ЕУ, формирана е листа на земји од кои Грција ќе прима посетители, изјавил Стелиос Петсас, портпаролот на владата на оваа земја, која во средата ги отворила границите за масовен туризам.

Петсас изјавил дека доаѓањето на сите меѓународни летови во Грција ќе биде дозволено, освен за директни летови од Велика Британија и Шведска до 15-ти јули.

Од правец на Бугарија, патниците ќе влегуваат во Грција преку граничниот премин Промахонас, додека од другите премини на границите со оваа земја влезот ќе биде дозволен само во одредени услови. Патниците од Албанија, Македонија и Турција ќе може да влезат во Грција само според строго определени услови, рекол портпаролот на владата и додал дека траектот од Игуменица и Патрас повторно почнал да сообраќа.

Петсас рекол дека Грција ги отворила границите за туристите од одредени рестрикции, како и дека ги преземаат сите неопходни мерки со цел нивна заштита, заштита на локалното население и сите оние кои се вработени во секторот за туризам.

По влез во земјата, туристите ќе бидат тестирани за коронавирус, рекол тој и додал дека во текот на вчерашниот ден 5.899 луѓе од 16 аеродроми се тестирани на Ковид-19, како и дека резултатот треба да биде познат денеска.

Грчките власти внимателно ја следат епидемиолошката ситуација во Европа и светот и нема да прават отстапки по прашање заштита на јавното здравје и човечките животи, истакнал Петсас. 

Top