Овие грчки хотели нема да примаат странски туристи, а посебно не од ЕУ земји

Цагалакис објаснил дека во изминативе неколку години, туристите од земјите членки на ЕУ, ги тужеле холетиле во Грција поради разни причини.

Грчките хотелиери не се расположени ова лето ширум да ги отворат вратите за туристите од странство, особено НЕ за оние од земјите членки на ЕУ.

Причината, како што велат тие, е ‘лошо искуство од претходните години’.

Претседателот на здружението на критските хотелиери, Манолис Цакалакис, за локалните медиуми изјавил дека не е сигурен дека на овој грчки остров оваа сезона ќе бидат отворени повеќе од 20 отсто од хотелите. Причината е помалку бизарна – се плашат од тужба од туристите.

Имено, Цакалакис објаснил дека во претходните години туристите од земјите членки на ЕУ, ги тужеле грчките хотели од разни причини.

Оваа година би можеле истите да ги тужат сопствениците на грчките хотели доколку се заразат со Ковид-19.

Така, пред три години еден британски турист тужел некој хотел и барал отштета од 20.000 фунти, затоа што тврдел дека во критскиот хотел добил гастроентеритис.

 

Грција има 9.950 хотели, од кои половината се семејни, мали хотели со најмногу 50 соби.

Добрата страна е тоа што овие објекти немаат централна клима, за која што има сомнежи дека е погодна за ширење на коронавирусот.

Микис Теодоракис, министерот за туризам од Грција, убеден е дека тестовите за Ковид-19 ќе го решат проблемот, па инсистира на тоа сите луѓе кои што планираат да ја посетат Грција во претстојниов период, покрај пасош со себе да носат и тест за Ковид-19.

primer 8

Top