Плажите во Грција се отвораат во сабота, а ова се правилата кои мора да се почитуваат

Грчките плажи се отвораат наредниот викенд, со оглед на високите температури кои се очекува да го достигнат 35-от Целзиусов степен во наредните неколку дена.

Одлуката на Комисијата за заразни болести се сметала за повеќе од потребна по гужвите кои се случиле минатиот викенд на дивите плажи кои им биле достапни на граѓаните. 

Затоа, сите организирани плажи во Грција кои добиле дозвола, од сабота од 8 часот наутро ќе работат според следните услови:

- задолжително бележење на бројот на посетители и контролирање на влезот

- максималниот број на капачи е 40 лица на 1.000 квадратни метри

- минималното растојание помеѓу чадорите е 4 метри

- под еден чадор може да има максимум две лежалки, единствен исклучок ќе бидат семејствата

- мензите и баровите на плажа ќе можат да служат само спакувана храна и е забранета подготовка на самото место

- забранета е продажба на алкохолни пијалаци

- забранета е испорака на храна на плажа

- забрането е седење во баровите на плажа

- им се препорачува на сите вработени да носат маски

- персоналот е должен да ги дезинфицира лежалките и чадорите по секој посетител

- забрането е пуштање на музика

- пешкирите се одговорност на посетителите, како и нивната дезинфекција

- поради заштита на јавното здравје, потребно е да се почитува неопходното растојание, да се избегнува гужва и да се почитуваат сите правила на хигиена

На плажите кои имаат простор без лежалки е важно да се поставуваат пешкирите и чадорите според пропишаното растојание.

primer 8

Top