Ветената земја на Балканците падна на најниската гранка од 1990-та година досега – ѝ се заканува рецесија

Коронавирусот остави значајна негативна трага на германскиот извоз, затоа што тој паднал на најниско ниво од повторното обединување на земјата во 1990-та година.

Извозот на таканаречената европска ‘локомотива’ во месец март опаднал за 11.8 отсто затоа што неговите главни трговски партнери, како Италија и Кина веќе беа во карантин.

Според податоците на државниот завод за статистика, извозот во месец март изнесувал 108.9 милијарди евра, а увозот е намален за 5.1 отсто. Со оглед на разликата во падот на извозот и увозот, буџетскиот суфицит на земјата која што повеќепати ја критикуваа меѓународните тела, се намалил на 17.4 милијарди евра.

Германската влада предвидела дека економијата, која што многу е заснована на извозот, оваа година ќе биде во рецесија од 6.3 отсто, без оглед на пакетот поддршка во износ од 750 милијарди евра кој што е насочен на надомест на економското влијание на кризата.

Слична рецесија во земјата се случила последен пат кон крајот на Втората светска војна.

Што се однесува до закрепнувањето на германската економија, многу од економистите очекуваат дека тоа исто така ќе влијае и од закрепнувањето на нејзините трговски партнери, како Кина, Италија и САД.

„Иста слика, ист наслов, различен индекс“ – објавил на Твитер Карстен Брзески, економист од „ING“ банката, повикувајќи се на трендот на падот на сите економски показатели ширум светот.

 

Секако, вреди да се забележи дека релативната индустрија се соочува со пад на побарувачката и пред процесот на коронавирусот поради глобалните трговски немири. Поради тоа се покажало дека германската економија во суштина зависи од домашната потрошувачка и трошоците на тамошната влада.

 Меѓутоа, по воведувањето на рестриктивните мерки, исто така и потрошувачката на германските домаќинства се намалила. Според податоците од компанијата за истражување на пазарот „GfK“, една третина од Германците планираат да ги намалат своите трошоци во блиска иднина.

„Новата норма се состои од тешка економска ситуација и мала потрошувачка“ – наведуваат германските економисти.

primer 8

Top