Вархеји го напуштил состанокот со српскиот врв: Дачиќ беше многу непријатен

На вчерашниот состанок на еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји со српската премиерка Ана Брнабиќ и министрите во Белград, дошло до непријатна ситуација кога министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ вербално го нападнал гостинот, кој потоа го напуштил состанокот, пренесува српски „Блиц“.

Разговорот течел нормално, кога во еден момент Дачиќ зел збор и грубо му се обратил на еврокомесарот.

- Беше многу непријатен, Му рече дека не знае каде дошол, дека молчи додека некој ги граба српските манастири на Косово, дека молчи за таксите кои Приштина ги воведе, вели изворот на „Блиц“ кој присуствувал на состанокот.

Претседателката на српската влада, како и министерката за ЕУ Јадранка Јоксимовиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ останале зачудени, по што Вархеји го уклучил микрофонот и му се обратил на Дачиќ.

- Јас сум единствениот европски комесар кој реагираше на таксите, го осудив она што се случува во Црна Гора, Србија е првата земја што ја посетив после воведувањето на новата методологија и конечно, овде сум да ви помогнам, му рекол Вархеји, по што го исклучил микрофонот, се поздравил со Брнабиќ и ја напуштил просторијата.

Дачиќ за „Блиц“ изјавил дека не го нападнал Вархеји, туку ЕУ.

Top