Штетата од земјотресот во Албанија изнесува 1,1 милијарда долари: Потресот однесе 51 живот, а над 17 илјади луѓе останаа без дом

Земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер кој ја погоди Албанија во ноември направи штета која е проценета на дури 1,1 милијарда долари, а усмрти и 51 лице и 17 илјади луѓе остави без покрив над главата.

Извештајот за проценката кој е денес претставен, а кој го направија меѓународни експерти од ЕУ, Светска банка и Обединетите нации ќе биде клучен за меѓународната конференција која ќе се одржи на 17-ти февруари во Брисел.

Албанскиот министер Бледи Чучи изјави дек штетата од земјотресот е проценета на 985 милиони евра, односно 1,1 милијарди долари, а за реконструкција се потребни околу 1,1 милијарди евра.

Во земјотресот биле оштетени 83 илјади згради, унишени се над 11 илјади, а вкупно се погодени 200 илјади лица во Драч, Тирана и околните помали населени места.

Според зборовите на Чучи, албанската влада издвоила 200 милиони евра, ЕУ досега обезбедила 13 милиони евра, а свој придонес дале и брони организации.

Албанската влада вети дека ќе ја заврши реконструкцијата на сите куќи во руралните подрачја оваа година, а наредната година и во посебните градски области. Предвидено е дека процесот на реконструкција ќе трае пет години.

Top