Поради лажни вести уапсени двајца уредници во Црна Гора

Полицијата во Подгорица ги уапси главните и одговорни уредници на црногорските портали „Борба“ и „ИН4С“ под сомнение дека извршиле кривично дело – предизвикување паника и немири. Според надлежните, тие предизвикале паника во јавноста со објавување лажни вести со случувањата во „Вила Горица“ во Подгорица без да ги проверат информациите.

„Вилата Горица“ во Подгорица се користи за прием на високи гости и делегации од странство од страна на претседателот Мило Ѓукановиќ и Владата. Во вилата вчера попладне се запали разводна кутија, но дефектот брзо бил саниран.

„Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника“, наведе вчера полицијата.

„Борба“ и „ИН4С“ објавија дека во „Вила Горица“ се случила експлозија и дека на лице место се упатени противпожарна екипа и полиција.

Top