Иранскиот духовен лидер Али Хамнеи: "Албанија е мала ѓаволска земја!" Дојде и одговор од Албанија

Албанскиот претседател Илир Мета изјавил дека Албанија "не е ѓаволска, туку демократска земја која страдала во невидена ѓаволска диктатура, па затоа човековите права за неа се светост".

Како што пренесува агенцијата МИА, Мета исто така ја прокоментирал изјавата на иранскиот духовен лидер Али Хамнеи, кој Албанија ја прогласил за непријател, додавајќи дека тоа е "ѓаволска земја која ги поддржува нивните противници". 

Мета порачал дека Албанија останува цврсто посветена кон поддршката на САД и земјите на НАТО во борбата против меѓународниот тероризам и се што ја загрозува стабилноста и мирот во светот.

 

Претседателот на Албанија го оценил како "провокација со опасни последици за стабилноста во регионот" иранскиот ракетен напад на две американски воени бази во Ирак.

"Ракетите лансирани од Иран на две ирачки воени бази, во кои се сместени американски воени сили, е провокативен потег со опасни последици по регионот и неговата стабилност. Иран мора да ги почитува меѓународните договори, меѓународните закони и сопствените обврски во интерес на мирот", оценил албанскиот претседател Илир Мета.

Top