Србија наскоро ќе добие руски ракетен систем, но не е „С-400“. Во Белград пристигнува „незгоден“ гостин...

Рускиот ракетен систем „Панцир-С1“ (според НАТО стандардот SA-22 Greyhound) со ракети земја-воздух од комбиниран, краток и среден домет, пристигнува во соседна Србија.

Белград ќе го добие ракетниот систем за неколку месеци, потврди директорот на руската агенција за извоз и увоз на оружје „Рособоронекспорт“, Александар Михејев.

Србија во последните неколку месеци забрзано набавува оружје од Русија, а тоа се случува како одговор на вооружувањето на соседите, првенствено Хрватска и Албанија. Самиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија се вооружува затоа што сака да остане слободна земја.

Резултат со слика за панцир с1

Според српскиот претседател, тој точно знае колку ќе купуваат Хрватска и Албанија и се прашува зошто се крева паника кога се вооружува Србија, а не и Хрватска.

Сепак, во меѓувреме за Србија пристигна една непријатна вест. Утре во Белград пристигнува Томас Зарзецки, лидер на работната група „231“ при американскиот Стејт Департмент, работна група која е задолжена за примена на санкции против рускиот безбедносен сектор, како и тие кои што соработуваат со Русите.

Томас Зарецки веројатно на претседателот на соседна Србија ќе му го повтори тоа што неодамна му го кажа и Мајкл Палмер, американскиот претставник за Балканот - дека и Србија ќе се соочи со санкции доколку купува руско против-ракетно вооружување.

Сепак, Вучиќ призна дека Србија едноставно нема пари за да може да си ги дозволи руските против-воздушни системи од типот „С-300“ и „С-400“.

Top