Американскиот и германскиот амбасадор „одбиле“ да се фотографираат со Курти пред албанското знаме

Американскиот и германскиот амбасадор наводно одбиле да се фотографираат со Аљбин Курти во канцеларија во која имало албанско знаме, јавува порталот Коссев.

Лидерот на движењето Самоопределување, кое победи на неодамнешните избори на Косово, во својата канцеларија и понатаму го има само албанското знаме и не го прифаќа официјалното знаме на Косово.

Во канцеларијата тој прима гости, одржува состаноци за кои информациите подоцна ги објавува на официјалните профили на партијата на социјалните мрежи, но американскиот и германскиот амбасадор одбиле да се фотографираат со Курти во канцеларијата во која се гледа националното албанско знаме.

Курти, чија партија победи на вонредните избори кои се одржаа во неделата, се сретна во понеделникот со американскиот амбасадор на Косово, Филип Коснет. Она што е впечатливо е што фотографијата е направена надвор од канцелариските простории каде што не се гледа албанското знаме.

Истото нешто се случило и со германскиот амбасадор на Косово Кристијан Хелт, на која се гледа Курти како го испраќа германскиот амбасадор на скалите пред седиштето на Самоопределување по состанокот.

Top