ЕУ протера над 100 Албанци

Од државите на Европската Унија во Тирана се вратени 104 државјани на Албанија, кои ги прекршиле правилата за престој во земјите на ЕУ или барале азил.

Според извештајот на државната полиција, уште една операција на доброволно враќање граѓани кои побарале азил или ги прекршиле правилата за престој во шевенингенскиот простор е завршена во соработка со Франција, Белгија и Германија.

Денеска попладне 104 албански државјани се вратени во нивната татковина со два чартер-лета од Франција и Германија во рамките на заедничкиот европски проект, кој го реализираа Франција, Белгија и Германија во соработка со Фронтекс и со поддршка на албанска придружба.

Од вкупниот број албански државјани, од Франција се вратени 15, од Белгија пет и од Германија 84.

 

Top