Нова снимка која докажува колку моќно невреме ја погоди Грција

Додека на Халкидики се санираат последиците од катастрофалното невреме кое однесе седум човечки животи, на социјалните мрежи се појавуваат нови видеа на кои може да се види за колку силно невреме станува збор.

Најновата снимка објавена на „Фејсбук“ ја направил британски турист кој бил на вечера со своето семејство кога започнал хаосот надвор.

48-годишниот Енди Џилхрист уживал во вечерата со својата сопруга Кејти и ќерката Грејс во ресторанот во хотелот со пет ѕвезди во моментот кога грчкиот полуостров Халкидики беше погоден од силна бура.

На снимката се слуша како келнерите во паника ги викаат гостите да се засолнат внатре, додека надвор беснее невремето.

„Никогаш не сум видел вакво нешто. Сите кои беа надвор за време на катастрофата немаа никаква надеж за спас“, раскажува Џилхрист за британски „Дејли Мејл“.

Top