Хвар го погоди метеоролошко цунами! Неверојатни 25 илјади молњи за 2 часа

Синоќа некои делови од Јадранското море беа погодени од силна бура, а хрватскиот остров Хвар бил погоден од метеоролошко цунами, пренесуваат тамошните медиуми.

Станува збор за нагли осцилации на нивото на морето проследени со брзи промени на воздушниот притисок. Дошло до плима, па до осека кога морето се повлекло за околу 105 сантиметри за само 10 минути.

Бројни грмотевици биле забележани ширум јадранскиот брег, а за 120 минути биле регистрирани неверојатни 25 илјади молњи.

Како што пренесува „Далмација данас“, Цетинскиот крај бил погоден од силна бура која срушила бројни дрвја и предизвикала материјална штета.

Големото невреме го зафатило подрачјето од градот Книн до Динарските планини, а само на Хвар наврнало 23 литри дожд на квадратен метар.

Top