Хрватска воведува швајцарски модел на референдум

Хрватска воведува швајцарски модел на референдум.Текстот на новиот закон за референдум се темели на швајцарскиот модел, во смисла дека референдумот ќе се претвори во механизам на политички дијалог меѓу парламентот и гласачи, односно организациските одбори, пишува „Јутарњи лист“.

Според весникот, новиот закон е изготвен веќе два месеци, но се чува во фиока. Според лицата кои учествувале во изготвувањето на новиот законски текст, референдумот во Хрватска поради нејаснотиите и правни недоречености се претвора во оружје кое законодавно тело го прави политички противник на иницијаторите на референдумските иницијативи.

„Штом ќе се поведе иницијатива за референдум, кај нас се создаваат два табора, што е неприфатливо. Референдумот не е наменет за поларизација на општеството, туку за дијалог”, вели соговорникот на „Јутарњи лист“.

Суштината на швајцарскиот модел е дека иницијаторите на референдумот и парламентот имаат можност за договор. Доколку се постигне договор, целта на референдумот е исполнета и не мора да се одржи.

 

Top