Шок бомби, пукање и превртени автомобили: Вака специјалците на РОСУ ги пробиваат барикадите на Косово

Откако припадниците на РОСУ утринава влегле во Зубин Поток, дошло до пукање близу импровизираните барикади кои ги поставиле исплашените жители.

Снимките од лице место, кои се објавени на социјалните мрежи, ги прикажуваат моментите на пробивање на барикадите и пукотниците, како и ситуацијата набрзо по фрлање на шок бомбите и рушење на барикадите.

Според последните информации, специјалните единици на косовската полиција го напуштиле подрачјето на Зубин Поток после операцијата која траела повеќе од пет часа.

За време на акцијата уапсени се пет лица, тепани се локалните Срби, претресувани им се куќите. Се внатре им е скршено. Има голема штета – рекол за Танјуг локалниот полициски службеник, кои додал дека граѓаните сега ја утврдуваат штетата.

Како што додал, штетата е видлива, бидејќи припадниците на специјалната полиција уништувале возила паркирани крај патот.

Top