Н1: Србија лидер по мафијашки убиства во регионот, по неа е Македонија

Србија е лидер по мафијашки убиства во регионот во 2018 година – објави српската телевизија Н1 повикувајќи се на статистичките податоци од регионот. Според анализите на телевизијата, на второ место е Македонија со 15.

Според новинарката Јелена Зориќ која ја направи анализата, податоците се базираат на информации од медиумите, бидејќи македонската полиција не им дала официјални податоци.

Според неа, во 2018 во Србија се случиле 29 убиства кои се доведуваат со врска со мафијашки пресметки, од кои 21 се случиле во Белград. Потоа е Македонија со 15, па Црна Гора со седум, Република Српска во рамки на Бих со три, но сите на територијата на Република Српска, Хрватска со две и Словенија со ниту едно мафијашко убиство.

Според анализата на Н1 причината зошто Србија е лидер по бројот на вакви убиства е што таа е најголема држава во регионот, а Белград е најголем град во регионот на територијата на бивша СФРЈ .

Top