Која земја во регионот има најмногу зависници од коцкање?

Управникот на Клубот за лечење на зависниците од коцка во Мостар, Марко Ромиќ изјави дека во Босна и Херцеговина продолжува трендот на зголемување на бројот на зависници од коцкање и додаде дека во Босна има најголем број обложувалници во Европа, во однос на бројот на жители.

Тој за „Фена“ рече дека БиХ по бројот на зависници предничи во регионот, а во последно време сѐ повеќе жени бараат помош поради коцката.

„Имавме за пример една старица која сета своја пензија заработена во странство, ја потрошила на бинго и обложувалници. Таа во еден ден ја потрошила целата пензија, која изнесувала околу 1.500 марки, а кога не знаела како да се справи со проблемот, почнала да размислува на самоубиство“, рече Ромиќ.

Истакна дека често се коцкаат лица со подобра материјална состојба и меѓу нив има многу угледни граѓани, како и доктори и инжинери.

Додаде дека мажите најмногу се зависни од спортско обложување, трки, апарати и рулет, а жените од бинго.

Top