Ова се хулиганите кои упаднале во зградата на РТС со моторни пили

Внесувањето на моторни пили во зградата на РТС предизвика поделени осуди во јавноста, а како дознаваме, нив ги внеле припадниците на организацијата Движење на обединетите фантоми, кои ги предводуваат Милјан Ч. и Миња П.

Тие досега повеќе пати се истакнувале со различни перформанси во кои настојувале да бидат духовити, а овој пат предизвикале страв со своето дивеење со смртоносниот алат. 

МУП соопшти дека поради сомнение дека синоќа внеле моторна пила во зградата на РТС и мафтале со неа пред вработените во оваа медиумска куќа, приведени се М.Ч. (1997) и М.П. (1976).

Како што на Твитер објави адвокатот и претседател на адвокатската комора Владимир Гајиќ, за носењето на моторни пили тие двајца ќе добијат кривична пријава.

"Фантомите одат во кривична, така бара заменикот на ВЈТ Белград", напиша Гајиќ.

Top