Вучиќ за упадот во РТС: Наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите од протестот „1 од 5 милиони“ упаднаа во зградата на Радио-телевизја Србија (РТС) во Белград. Меѓу оние кои упаднаа беше и Драган Ѓилас, лидерот на опозициската коалиција „Сојуз за Србија“ (СЗС), официјално формирана на 2 септември 2018 година.

Вучиќ истакна дека на вчерашниот протест имало околу 1.500 луѓе, а дека денеска се уште помалку, мислејќи на толпата демонстранти собрана пред зградата на претседателството. Тој во обраќањето се насочи кон организаторите на протестите.

„Наидоа на тврд орев, на некој кој не се плаши, кој не се плаши да им каже дека не вредат. Немам страв, можам само да го изгубам животот. Немам 500 милиони евра и немам што да изгубам“, рече Вучиќ.

Како што кажа српскиот претседател, главна вест во Приштина била дека е Џилас е претепан, а всушност никој не го допрел. „Само тој тапаше луѓе“, нагласи Вучиќ.

„Мислам дека никој никогаш не одржал конференција во вакви услови, но страв не смее да посоти. Она што ми е мене важно е да ги замолам нормалните, пристојни луѓе да не учествуваат во насилството“, рече српскиот претседател и посочи дека сите насилници ќе одговараат пред законот, бидејќи пред законот се сите исти.

„Никој веќе не смее да упадне во РТС, а Србија ќе ги победи хулиганите и фашистите“, рече Вучиќ во обраќањето.

Тој додаде дека нема да разговара ниту со лидерот на крајно десничарското движење „Двери“, Бошко Обрадовиќ, кого го нарече фашист. Инаку, „Двери“ е дел од коалицијата СЗС.

„Ниту сега кога животот ми е во опасност, воопшто не се плашам“, повтори претседатлот на Србија и додаде дека поддршка очекува само од својот народ и дека не го интересираат реакциите на западните амбасади.

Top