Опсада во Тирана! Илјадници демонстранти го обиколиле собранието! Извикуваат: "Рама, оди си"! Полициски кордон и бодликава жица ја бранат зградата

Неколку илјади демонстранти, приврзаници на опозицијата, денес ја обиколиле зградата на парламентот во Тирана, барајќи оставка од владата и распишување на вонредни избори.

Албанските медиуми пренесуваат дека претставници на опозицијата запалиле гуми пред зградата на парламентот и извикуваат: "Рама, оди си". 

Илјадници демонстранти кои ја поддржуваат опозицијата го окружиле парламентот, барајќи оставка од владата и предвремени избори, обвинувајќи ја владата за корупција и врска со криминалот.

Зградата на парламентот во Тирана од утрово ја брани бодликава жица и стотина полицајци.

Албанските медиуми претходно известиле дека Тирана од рано наутро е под полициска опсада. Заседанието на парламентот било закажано во исто време како и протестот, па пратениците доаѓале неколку часа порано за да избегнат средба со демонстрантите.

Полициските сили, како што се наведува, ги блокирале минувачите меѓу Уметничката галерија и Министерството за внатрешни работи.

Секој што сакал да мине низ "забранетата зона" морал на полицијата да и покаже лична карта.

Се наведува дека полицијата не им дозволува на медиумите да влезат во зградата на парламентот, за да не можат да се сретнат со пратениците на владејачката Социјалистичка партија, кои на сесијата доаѓаат еден час порано за да избегнат средба со демонстрантите.

Во текот на претходните протести протести демонстрантите фрлале камења и молотови коктели, додека полицијата одговарала со солзавец.

Пратениците на опозициската Демократска партија поднеле оставки на пратеничките функции и така практично ги отфрлиле повиците на ЕУ, САД и меѓународните организации да започнат дијалог со владата.

Владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди Рама има 74 од 140 места во парламентот.

 
 
 
 

 

Top