Грчката полиција нападната со молотови коктели пред турскиот конзулат во Солун

Солун помина низ напната ноќ кон неделата откако кога десетици маскирани напаѓачи ја нападнаа полицијата што го чувала турскиот конзулат во градот со молотови коктели. Полицајците одговориле со солзавец и со шок-бомби, пренесува РТ.

Насилствата избувнале по стемнување во саботата, кога околу 50 мажи, кои грчките медиуми ги опишаа како анархисти, ја нападнале полицијата.

Десетици молотови коктели биле фрлени пред полицајците да ги натераат напаѓачите да се повлечат. Имало полициска потера, но немало апсења. Сторителите се сокриле во кампусот на локалниот универзитет „Аристотел“, кој е надвор од овластувањата на полицијата.

Не се пријавени повредени, но пожарникарите биле повикани да изгаснат неколку мали пожари предизвикани од молотовите коктели.

Турскиот конзулат во Солун и претходно беше цел на голем број провокации. По сличен драматичен инцидент минатата година, официјална Анкара рече дека очекува грчките власти да ги преземат неопходните мерки за безбедност на персоналот и зградите на турските мисии во Грција.

Исто во саботата, најмалку 40 маскирани мажи нападнале полициска станица во населбата Кукаки во Атина. Во нападот биле фрлени и молотови коктели кои го оштетиле влезот во префектурата, две паркирани полициски возила и блиската пекара. Нападот бил прекинат, по што полицијата уапсила 10 лица.

Top