Со телото на Шабан ќе бидат закопани и овие три работи од кои никогаш не се одвојувал

Пејачот Шабан Шаулиќ ќе биде закопан во петок, на 22-ри февруари, во алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, пренесуваат српските медиуми.

Во ковчегот со лешот ќе биде ставена неговата најдрага капа, од која не се одвојувал, неколку пари, но и неговата омилена јадица за риболов.

Со оглед на тоа дека пејачот најмногу уживал во риболов и секој слободен момент го поминувал во својата викендица во Крчедин, каде сакал да плови со чамец и да ужива во мирот, неговото семејство заклучило дека треба да биде погребан со неговата омилена јадица, открива српскиот Телеграф.

Шабан Шаулиќ починал во неделата во Германија, нешто пред 10 часот, поради сообраќајна несреќа. Несреќата се случила во раните утрински часови, а Шаулиќ, неговиот кум и возачот патувале кон аеродром, со цел пејачот со директен лет да се врати во Белград. 

 

Top