Водителката на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ повредена во сообраќајна несреќа, автобус ѝ ја откинал раката

Во близина на болницата "Dr. Dragiša Mišović" дошло до судир на два автобуси и три автомобили во кој тешко е повредена водителката на ТВ Пинк, Деа Ѓурѓевиќ.

До несреќата дошло така што Деа имала полесен судир со друг автомобил, а во моментот кога излегла од автомобилот за да се договори со другиот возач што да прават на неа налетал автобус кој ѝ ја откинал раката. 

Иако според првичните информации се смета дека докторите ѝ ја ампутирале раката на местото на несреќата, тоа не се случило. Имено, водителката останала без рака кога ја удрил автобусот, пренесува Телеграф.рс.

 

Деа итно била пренесена на ВМА, а откинатата рака докторите ѝ ја "ставиле на мраз" и на сите начини се обидуваат да ја спасат за да не остане без неа.

"Се слушнав со неа, сè уште не сме се виделе. Навистина морам да кажам дека полицијата одлично ја заврши работата, дека докторите го прават истото и се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред. Деа беше пренесена на ВМА од Брзата помош", рекол Младен Мијатовиќ за Блиц.

 

Три лица се потешко повредени во сообраќајната несреќа која се случила кај болницата "Dr. Dragiša Mišović" во Белград.

Во несреќата учествуваа неколку патнички, како и возила од градскиот превоз. Причината за судирот е најверојатно излизгување.

Top