Америка ја интересира само Косово, Меркел се откажува од Балканот

Администрацијата на Доналд Трамп нема многу време за Балканот, смета Даниел Хамилтон, експерт од Институтот за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс.

Како што наведува "Гласот на Америка", угледниот познавач на европските прилики исто така е уверен дека Вашингтон, па ни европските престолнини, ќе вложат доволно труд да ги забрзаат евроатлантските интеграции на преостанатите земји од Западен Балкан. 

Хамилтон, кој со своите остри оценки се издвојува од другите балканолози, вели дека САД под претседателот Трамп нема време да се занимава со Балканот.

"Администрацијата се обидува да го префрли прашањето за Западен Балкан на Европа, додека Европејците и не посветуваат многу време на тој регион. Важните американски службеници кои го познаваат тој терен се отпуштени. Едноставно нема никој на високо нив кој се занимава исклучува со прашања за Балканот. Ни американското присуство во тој регион не е посебно големо и се ограничува на Косово, што е од клучна важност, но не е доволно Америка да може нешто да промени", навел Хамилтон.

Како што истакнува, работите не стојат ништо подобро ни со европскиот блок.

 

"Канцеларката Меркел во минатите неколку години се обидуваше да направи повеќе за тој регион, но неодамна се откажа од тоа. Британците, друга важна земја која се занимаваше со тоа прашање, наскоро нема да биде членка на ниедна од институциите на Европската унија. Франција никогаш не играла посебно важна улога. Австрија се ангажираше поради сплет на околности, но нејзиното влијание не е доволно за да спроведе било што", додава Хамилтон.

Во меѓувреме, влијанието на неевропските земји е засилено, вели соговорникот на "Гласот на Америка".

 

"И тоа не само руско влијание, вклучувајќи го влијанието на државата, но и рускиот организиран криминал. Кинезите исто така необично многу се заинтересирани за вложување во Европа. Исламските држави оствариле значајно влијание во Босна и други делови на регионот. Турција исто така е ангажирана од сопствени причини, не секогаш во склоп на западниот пристап. Покрај тоа, политичарите во повеќето земји крадат од своето население и се служат со државните пари да опстанат на власт", наведува Хамилтон.

Граѓаните на Западен Балкан, станале, вели, цинични кон долготрајното ветување дека во догледно време ќе станат дел од европската матица.

 

"По завршувањето на вооружените судири во 90-тите, по трагедиите во Босна и војната на Косово, меѓународната заедница преземала низа проекти за смирување и повоена обнова на тие земји. Од тогаш мина премногу време", истакнал Хамилтон.

Тој рекол дека за Западен Балкан неопходен е здружен ангажман од двете страни на Атлантикот.

Top