Премиерката на Србија и нејзината партнерка стануваат родители!

Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ(43)  и нејзината неколку години помлада партнерка, докторката Милица Ѓуриќ, наскоро стануваат родители.

Како што дознава магазинот Глорија, на вонтелесно оплодување се подложила Милица, која поради бременоста веќе неколку месеци не се појаува со Ана Брнабиќ во јавност, а како што пренесува магазинот, од Клиничкиот центар на Србија, во Центарот за радиологија и магнетна резонанца, каде што е вработена, изјавиле дека заминала на трудничко боледување.

Премеирка останува на ставот јавно да не зборува за приватниот живот. Во секој случај благодариме на убавите желби, рекле од кабинетот на Ана.

Top